МТСП: Останува новата обврска за пријавување на работниците

Bez autora
Sep 13 2010

Министерството за труд и социјална политика нема намера да го враќа старото законско решение за пријавување на работниците во рок од три дена поради негова злоупотреба, се вели во реакцијата по денешната прес-конференција на Стопанската комора на Македонија во врска со предложените измени на Законот за работни односи. Од МТСП велат дека измените на законот се направени во консултација со сите репрезентативни синдикати и организации на работодавачи земјата и потенцираат дека секоја евентуална измена ќе се прави со социјалните партнери. По однос на барањето за враќање на старото решение за ретроактивно пријавување на работниците во рок од три дена Ве информираме дека немаме намера да го враќаме старото решение од причина што со тоа законско решение се злоупотребуваше премногу правото на работникот да биде пријавен. Според тоа остануваме на обврската за пријавување на работникот истиот ден кога ќе почне со работа. Од Министерството велат дека сите измени на законот се направени во согласност со неколку директиви на ЕУ.

МТСП: Останува новата обврска за пријавување на работницитеМинистерството за труд и социјална политика нема намера да го враќа старото законско решение за пријавување на работниците во рок од три дена поради негова злоупотреба, се вели во реакцијата по денешната прес-конференција на Стопанската комора на Македонија во врска со предложените измени на Законот за работни односи.

Од МТСП велат дека измените на законот се направени во консултација со сите репрезентативни синдикати и организации на работодавачи земјата и потенцираат дека секоја евентуална измена ќе се прави со социјалните партнери.

„По однос на барањето за враќање на старото решение за ретроактивно пријавување на работниците во рок од три дена Ве информираме дека немаме намера да го враќаме старото решение од причина што со тоа законско решение се злоупотребуваше премногу правото на работникот да биде пријавен. Според тоа остануваме на обврската за пријавување на работникот истиот ден кога ќе почне со работа“, се вели во реакцијата на МТСП.

Од Министерството велат дека сите измени на законот се направени во согласност со неколку директиви на ЕУ.

Стопанската комора на Македонија денеска реагираше за, како што рекоа, брзите измени на Законот за работни односи, за кои велат дека не биле консултирани.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik